Опис
Great Wall Voleex C10
Voleex C10  е компактен градски автомобил со атрактивен дизајн, висок квалитет и технологија по современи трендови. Малите димензии вешто ја кријат големината на внатрешноста, која е меѓу водечките во класата. Ентериерот на автомобилот е со модерен дизајн, функционалност и удобност, а големината на кабината дава можност за максимално користење на просторот, благодарение на функционалноста на седиштата. Автомобилот е со максимална опрема, вклучувајќи клима уред, централно заклучување, аудио систем MP3 со 6 звучници и 4х40W засилувач, алуминиумски бандаши, електрика на сите прозори, електрично задвижувани надворешни ретровизори со механизам за електрично склопување, фарови за магла, задни паркинг сензори, трепкачи вградени во ретровизорите, електро прогресивен серво управувач и др.
 
Безбедноста е важен дел кај овој автомобил благодарение на диск сопирачките на сите 4 тркала што е дел од стандардната опрема, ABS, EBD и BAS-асистентот на сопирачките, ESP (опција), воздушни перничиња за возачот и совозачот (стандард), странични воздушни перничиња (опција), воздушни завеси напред и позади (опција), безбедносни ремени во три точки за сите седишта подесиви по височина, заштитни ремени со предзатегнувачи...
 
5 години или 150 000 км. гаранција.
 
 
Cпецификациja
Great Wall Voleex C10
 
Технички податоци:
Должина: 3810 мм Дијаметар на вртење: 9.9 м
Широчина: 1705 мм Багажен простор: 330-1100 л
Височина: 1540 мм Зафатнина на резервоар: 40 л
Меѓуоскино растојание: 2460 мм    
Мотор:
Бензински реден 4 цилиндричен мотор со електронско палење, 2 брегасти осовини и променливи фази на напојувањето со гориво
Зафатнина: 1497 куб.см.
Максимална моќност: 97 к.с.
Максимален вртежен момент: 138 Њм
Забрзување 0-100 км/ч: 11,1 сек.
Максимална брзина: 175 км/ч
Средна потрошувачка: 7,3 л/100км
 
Лесниот алуминиумски мотор со обем од 1.5 литри и моќност од 97 к.с., променливите фази на напојување и прецизното ECU електронско управување обезбедуваат ниска потрошувачка и голема еластичност во градски услови на возење, но во исто време и доволно моќ за задоволство и во управувањето на отворен пат. И сето тоа со емисија на гасови која ги задоволува најстрогите светски нормативи (EURO 5).

Дополнителна опрема
Great Wall Voleex C10
Покрај стандардната опрема секое возило може да биде опремено со палетата на додатна опрема предвидено за секој модел поединечно. За информации обратете се кај овластените дилери.


Превземи го каталогот
Фабричен плински уред

Автомобилите GREAT WALL со бензински мотори можат дополнително да бидат опремени со фабричен плински уред со течно вбризгување на горивото (Liquid Propane Injection – LPi), со кој што се задржува гаранцијата на автомобилите (5 години).

 

Бои
Great Wall Voleex C10
Цени,опрема и технички карактеристики
Great Wall Voleex C10
ГАЛЕРИЈА
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10 11 12 13 14 15 16