Седмо место за Great Wall во генералниот пласман на Рели Дакар 2012


фото галерија
33-тото издание на релито Дакар заврши со невиден успех за тимот на Great Wall во последната фаза на трката. Возачот Карлос Соуса заврши петти на оваа етапа, со што се искачи на седмото место во генералниот пласман на релито. Клубскиот колега Џоу Јонг се пласира 22-ри во финалната етапа, со што заврши на 20-то место во генералниот пласман. И двајцата пилоти учествуваа со SUV моделот на Great Wall - Hover.
 
На овој начин тимот на Great Wall за прв пат влезе во Топ 10 екипите во финалниот пласман на трката, а покажа најдобри перформанси и ги остави далеку зад себе останатите кинески тимови кои учествуваа на ова легендарно рели..
 
Португалецот Соуса постигна најдобар резултат во историјата на тимот Great Wall на релито Дакар. Седмото место го стави Great Wall на исто рамниште со голем број водечки светски автомобилски брендови кои имаат и многу поголемо искуство во најтешкото рели. Клубскиот колега Јонг, исто така забележа голем успех. Иако имаше двочасовна казна и доцнења во некои од фазите на релито, тој успеа да го подобри за две позиции резултатот од минатогодишното учество во Дакар, кога беше 22-ри во генералниот пласман.
 
За време на трката издржливоста, доброто однесување и компетитивноста на SUV Hover беа нагласувани не само од пилотите на возилата, туку и од останатите автомобилски и рели познавачи, како и од голем број популарни светски медиуми.
 
Релито Дакар 2012 официјално започна на крајот од минатата година во Аргентина. Двајцата пилоти од тимот на Great Wall Соуса и Јонг ја започнаа соодветно со бројот 345 и 307.
 
Пред релито, автомобилите на Карлос Соуса и Џоу Јонг беа подложени на различни тестови, вклучувајќи испитувања во пустината Сахара, со цел оптимизација на ефикасноста пред да бидат испратени во Аргентина за почетокот на релито Дакар. Сахара беше избрана за спроведување на тестови поради груб и разновиден терен и екстремни временски услови. Искуствата стекнати за време на испитувањата како и на самото рели понатаму ќе бидат искористени за подобровања на рели возилата, но и во сериското производство во Great Wall.

Видео на Youtube