Награда од Motorsport Magazin за Steed 5 во Црна Гора

Во изборот на Motorsport Magazin, еден од водечките автомобилски медиуми во Црна Гора, специјалната награда за односот цена квалитет му е доделена на пикапот на Great Wall, моделот Steed.
 
Манифестацијата Автомобил на годината во Црна Гора, во организација на Motorsport Magazin се организира по четврти пат и како што истакна главниот уредник, Владимир Шестовиќ, во годината кога автомобилската индустрија во Црна Гора имаше неколку важни моменти во делувањето, а овој избор секако се вбројува во нив. Титулата за 2013 година оди во рацете на Фиатовото најново издание, моделот 500L.
 
Специјалната награда за возило со најдобар однос цена и квалитет му припадна на кинескиот пикап, моделот Great Wall Steed, за кој беше потенцирано дека за кратко време ги освои срцата на црногорските купувачи. Наградата во името на компанијата Монтелада, кој е дилер на македонскиот импортер за програмата на Great Wall, Толту, ја прими Слободан Николиќ.
Наградата претставува голем стимул во продажбата на Great Wall за дилерот во Црна Гора, Монтелада како и импортерот за програмата на Great Wall, Толту.