Great Wall Hover постави рекорд со освоеното 6-то место на Дакар 2013

На 19 јануари заврши 34-то издание на најтешката трка во светот - Релито Дакар 2013, на која што учествуваа 448 возила. По 2 недели натпреварување и 14 екстремно тешки етапи и за возилата и за возачите, Great Wall постави рекорд во историјата на своето претставување на оваа трка, и со тоа го потврди резултатот од минатата година. Тимот на Great Wall Hover оваа година заврши на 6-то место меѓу големиот број на веќе докажани автомобилски брендови во трката.
 
Последната етапа од трката не беше тешка, но за сметка на тоа - напната, бидејќи беше решавачка за крајниот пласман. Пилотите на Great Wall Hover - Соуса и Јонг во оваа етапа завршија на 8-мо и 12-то место. По пресметување на резултатите во крајниот пласман Португалецот Соуса се искачи до рекордното за него 6-то место, и со тоа потврди дека 7-то место од минатата година не било случајност. Вториот возач во тимот Јонг ја заврши трката на 19-то место, постигнувајќи негов најдобар пласман на ова рели досега.
 
За време на 8.500 километри долгото рели Дакар 2013, пилотот Карлос Соуса покажуваше стабилност во секој момент и се докажа како целосно подготвен тркач. Џоу Јонг од друга страна имаше напредок по секоја измината етапа од трката и успеа два пати да се пласира меѓу првите 10 по етапи во текот на втората половина од Дакар, што лично за него е невиден успех.
 
На специјалната прес-конференција во декември минатата година, Great Wall го претстави автомобилот за релито Дакар 2013, заснован на најуспешниот SUV модел на Great Wall - Hover. И оваа година тимот на брендот настапи со за нив препознатливата црвена боја, што е во склад со тркачкиот дух на релито Дакар. Моделот Hover Дакар претрпи лесни промени во структурата на каросеријата и суспензија, како и подобрувања на моторот. Тоа ја зголеми функционалноста на возилото во суровите натпреварувачки услови на релито Дакар.
 
Во 2013 година Great Wall Motors беше единствениот претставник на Кина на релито Дакар.
 
Видео галерија :
 
Great Wall Hover at Dakar 2013, Jan 5, 2013 Great Wall Hover at Dakar 2013, Jan 6, 2013 Great Wall Hover at Dakar 2013, Jan 7, 2013 Great Wall Hover at Dakar 2013, Jan 8, 2013 Great Wall en el Dakar 2013 - Etapa 6 (Arica - Calama) Great Wall en el Dakar 2013 - Etapa 10 (Cordoba - La Rioja) GREAT WALL HAVAL TEAM EN LA ETAPA 12: FIAMBALA-COPIAPO RALLY DAKAR 2013 Great Wall en el Dakar 2013 - Etapa 14 (La Serena - Santiago)