Hover Н6 го освои специјалното признание за SUV на годината во Кина

На официјалната церемонија на доделувањето на годишните автомобилски награди на водечката телевизија CCTV за 2012 година во Пекинг, Кина, моделот на Great Wall Motors - Hover Н6 го освои специјалното признание за SUV на годината. Hover-ot беше награден за прв пат за својата нова верзија. Минатата година автомобилскиот гигант Great Wall Motors исто така беше меѓу наградените на CCTV.
 
За жирито на церемонијата, организирана од CCTVи во соработка со Кинескиот центар за автомобилска технологија и истражување, беа поканети светски лица од автомобилската индустрија и автомобилски новинари. Откако членовите ги тестираа моделите и го дадоа својот глас за нив, беа определени финалистите. Најпрофитабилните возила, меѓу кои и Great Wall Hover, можат да се дефинираат како најсигурни, популарни и авторитетен модели. Трендот од минатите години покажува дека тие се претвораат во најпродаваните модели следната година.
 
"Hover Н6 ја освои наградата без никакви сомнежи. Тој не освои со одличната презентација и модерен дизајн ", вели член на жирито.
 
Во 2012 година моделот Hover стана шампион во продажба 10 години по ред во SUV сегментот со вкупно 280.000 реализирани возила и раст од 71% во споредба со минатата година.
 
"Во средината на јануари 2013 година Great Wall Hover забележа последователен рекорд со 6-тото место во финалето во најтешката трка во светот - Релито Дакар 2013. Во 4-тото учество во трката тимот на Great Wall се докажува со завидни резултати, рангирајќи се до докажани светски брендови.
Малку порано оваа година Great Wall Motors, кои заедно со бугарската компанија Литекс Моторс ги произведуваат автомобилите Great Wall во фабриката крај Ловеч, ги објави своите финансиски резултати за 2012 година. Автомобилскиот гигант регистрирал 62.6% раст на добивката. Според последните податоци во 2012 година биле реализирани 620.000 автомобили. Овој резултат му носи на Great Wall Motors 28% раст на продажбата за годината.
 
Во новата 2013 година Great Wall Motors си постави за цел да продаде вкупно 700.000 автомобили. Од компанијата коментираат дека и оваа година ќе бидат посветени на подобрувањето на своите производи и ќе се стремат кон стабилен развој и висок квалитет.