Great Wall Hover H5 меѓу осумте финалисти во изборот Автомобил на годината за 2013

Во трката за 18-та круна Автомобил на годината во Македонија за 2013, по повеќето фази и филтри, согласно критериумите, националното жири ги избра финалитите. Меѓу избраните финалисти своето место го најде и моделот на Great Wall Hover H5. Останатите финалисти се: Dacia Lodgy, Kia Optima, Mercedes A класа, Mitsubishi Outlander, Peugeot 301, Seat Leon и Honda Civic.
 
Националното жири за избор на Автомобил на Годината во Македонија, составено од специјализирани автомобилски новинари, ги претстави финалистите кои се во најтесниот избор за 18-та ваква титула по ред. Кому ќе му припадне оваа блескава награда останува да дознаеме во последната фаза каде финалистите ќе добијат соодветни оценки според следниве критериуми:
  • адекватност и понуда на домашниот пазар
  • економичност и еколошка прифатливост
  • безбедност и примена на технолошки достигнувања
  • возни својства
  • дизајн и комфор
  • опременост
Исто така, ќе се знае и кој ќе го понесе признанието за SUV на годината, кое ќе биде доделено на најистакнатиот претставник од оваа сe попопуларна категорија возила, како во светот, така и кај нас.