Деби на луксузниот пикап Great Wall Steed 6

Бугарскиот производител на автомобили „Литекс Моторс“ премиерно за Европа го прикажа новиот модел именуван Steed 6. Моделот е помлад и пософистициран брат на пикапот Steed 5, инаку број еден во продажба за последните 4 години во повеќе земји во Европа.
Со премиум елементите и внимание посветено на секој детаљ, овој пикап дава сериозно сознание дека сака да стане апсолутен лидер во својата класа. Great Wall Steed 6 дебитира со ревидиран и тивок 2.0 литарски дизел, 4-цилиндричен мотор со 7-точки на вбризгување и турбо-компресор со променлива геометрија и интеркулер. Погонот е интелигентен и сигурен,а создаден е од американскиот гигант BorgWarner. Брзините, како и кај Steed 5, се брзи и бавни со употреба на демултипликаторот кој е со електронско активирање.


Кај Steed 6 огромно внимание е посветено и на безбедноста - конструкцијата е на челична шасија. Каросеријата е отпорна на изобличувањето, а тоа е постигнато со челична носечка рамка и челични греди во вратите. Покрај традиционалните ESP, HHC, HBA, ABS, EBD, системот за помош на погонот при тешки терени TCS и системот за следење на притисокот во гумите, Steed 6 е опремен со двојни воздушни перничиња за возачот и патниците, странични воздушни перничиња и странични завеси. Новиот пикап е со импресивно меѓуоскино растојание од 3.200 mm или 150 mm поголемо од она кај Steed 5, како и со 16,5 cm подолг товарен простор.
Great Wall Steed 6 освен дека ќе е поголем од Steed 5, е и многу луксузен. Кабината е пространа и богато опремена. Новиот модел на основно ниво ќе располага со кожен волан, со елементи од сатенски метал, Dot Matrix 3" дисплеј на инструмент-таблата, борд компјутер со 13 функции и управување од воланот, кожен тапацир на вратите, потпирач помеѓу предните седишта, мултимедијален систем со камера за рикверц, автоматски клима уред, аудио систем со Bluetooth, RDS и 4 звучници, MP3, CD-player, кожен салон во две бои со електрично регулирање на возачкото седиште и уште многу други опции.
Со Steed 6 Great Wall се претвора во еден од ретките брендови кои нудат повеќе од еден пикап, особено за европските потрошувачи. Бестселерот за Македонија - Steed 5 ќе продолжува да се нуди и понатаму со легендарната издржливост и атрактивна цена.
Луксузниот пикап ќе е во продажба на Македонскиот пазар од средината на 2016 година.