Европска премиера на луксузен бренд од „Литекс Моторс“ на автосалонот Софија 2015

Само 3 години по отворањето на фабриката крај Ловеч, бугарскиот производител на автомобили Литекс Моторс подготвен е да понуди нешто ново и да ги израдува сите посетители на автомобилскиот салон Софија 2015. Нашата компанија како ексклузивен застапник на брендот во Македонија, беше дел од големата промоцијa.

Марката е сопственост на Great Wall Motors Company и е создадена како одговор за неколкугодишната тенденција на SUV автомобилите во светот. Со јасно изразената цел тие се обидуваат да ги задоволат желбите и стремежот на корисниците кон се поголема удобност и со повеќе напредни технологии во возилото. HAVAL го обединува сето тоа. Насочен исклучиво во производството на SUV и со амбиција да стане најголемата SUV компанија во светот, веќе нуди полн спектар на мали, средни и големи кросовери. Вкупно 8 модели со различни мотори, погон и менувачи. Заедничка карактеристика на сите 8 е ексклузивното внимание посветено на најмалите детали во ентериерот и екстериерот, изборот на квалитетни материјали и бројни модерни технологии. Такви се на пример корисните за возачот интелигентни системи и асистенти за мониторинг на слепата точка, радар за контрола на брзината и системите за набљудување на замор на возачот, системи за автоматско паркирање и многу други.
Моделите HAVAL ќе почнат да се произведуваат во фабриката на „Литекс Моторс“ од средината на следната година, кога се очекува да бидат пуштени во продажба. Во дизајнот на кросоверите дефинитивно се забележува стил, класа и луксуз во внатрешноста, благодарност на главниот дизајнер на брендот - Белгиецот Пјер Локлер, поранешен дизајнер на BMW.