Во Кина произведени еден милион кросовери HAVAL H6

Само пред неколку дена во градот Тјанцин беше произведен еденмилионитиот примерок на кросоверот Haval H6. Моделот се прави веќе четири години во најбројната земја во светот и е цели три години е на чело на продажбата на SUV-сегментот, со најголем пазарен удел. Во октомври автомобилскиот концерн Great Wall, во чиј состав влегува новата марка Haval, реализира 80.300 продажби. Возилата со бренд Haval се продадоа во 63.800 единици, од кои 37.500 од кросоверот Haval H6. Деби на теренецот беше во август 2011 и денес се нуди со избор од четири агрегати - 1,5 и 2,0 литарски турбобензински, атмосферски бензински 2,4 литри, како и со 2,0 литраски турбодизел.