Нов луксузен кросовер од Great Wall

На крајот на месецот, во рамките на автомобилскиот саем во Гуангжу, кинеската компанија Great Wall ќе покаже нов луксузен кросовер Haval H7. Марката, го лансира на пазарот сосем новиот H7 во две варијанти – со кратка и долга база.

Онаа верзија со подолгата база ќе е насочена главно кон внатрешниот пазар. Инаку должината на стандардниот Haval H7 е 4.700 mm, широчината – 1.925 мм, а меѓуоскиното растојание – 2.850 mm. Продолжената модификација (Haval H7 Long) ќе е со 200 mm подолга, но меѓуоскиното растојание ќе е иста. H7L ќе располага и со трет ред седишта.

Сето останато ќе биде еднакво за двете верзии. Под хаубата на новиот луксузен кросовер ќе се монтира дволитарскиот турбо мотор со моќност од 218 коњски сили и максимален вртежен момент 324 Nm. Моторот ќе работи во спрега со шест-брзински автоматски менувач. Другите агрегати се добро познати и се позајмени од поголемите Haval Н8 и Н9.

Она што секако предизвикува интерес од другите особености на Н7 е целосно дигиталната инструментална табла, големиот екран на допир на мултимедијалниот систем, како и кожниот ентериер со елементи од природно дрво. На локалниот пазар продажбата ќе стартуваат кон крајот на годината.

Веќе е позната и основната цена на Н7 во Кина. Таа ќе е 125.000 јуани - износ еднаков приближно на 26.000 евра. Најверојатно овој кросовер ќе започне да се продава и кај нас, но тоа би се случило најрано кон средината на следната година, бидејќи сеуште не е сигурно дали новиот H7 ќе се произведува во Бугарија.