HAVAL за Great Wall e како Lexus за Toyota, Infiniti за Nissan, Genesis за Hyundai...

Haval H2

Бугарскиот производител на автомобили Литекс Моторс на автомобилскиот салон во Софија 2015 премиерно за Европа го претстави луксузниот SUV бренд HAVAL. Марката е сопственост на Great Wall Motors Company и е создадена како одговор на наметнатата во последните неколку години тенденција на поголемата побарувачка на SUV автомобили во светот, со јасно изразена цел да ги задоволи желбата и стремежот на корисниците кон се поголема удобност, луксуз и напредни технологии. HAVAL го обединува сето тоа. Насочен исклучиво во производството на SUV и со амбиција да стане најголемиот бренд во светот во овој сегмент, веќе нуди полн спектар на мали, средни и големи, примиум SUV остварувања. Во моментов има вкупно осум модели со различни мотори, погон и менувачи. Заедничката карактеристика на сите осум е ексклузивно внимание посветено на најмалите детали во ентериерот и екстериерот, изборот на квалитетни материјали и бројни модерни технологии. Во дизајнот на SUV изведбите дефинитивно доминираат новиот стил, пристапот и луксузниот дизајн во внатрешноста, наметнати од главниот дизајнер на брендот , Белгиецот Пјер Локлер, поранешен шеф на одделот за дизајн на BMW.

Haval H6 sport

Great Wall Motors, најбрзо растечкиот производител во Кина, потенцира дека Haval е независна посебна марка со насоченост кон премиум секторот на пазарот. Вредно е да се знае дека Haval е повеќе од десетина години во портфолиото на Great Wall и придонесе многу за имиџот на компанијата. Од гамата на Haval минатата година се пласирани над 300.000 возила, што е раст од 71% . Тоа му дава основа на Great Wall Motor да му даде поголема автономија на новиот бренд во продажбата и маркетинг. Теренците на Haval имаат добар дизајн и врвен квалитет на изработка, нешта кои не се среќаваат често во кинеската автомобилска индустрија, па затоа имаат извонреден успех на пазарите, не само на домашниот, туку во целиот свет.

Haval H8

Брендот лансираше нов SUV неодамна - моделот H7, кој беше хит на салонот во Гуангжу.

Haval H9