Атрактивната Симона Попоска заштитно лице на Толту Моторс

Haval H2

Младата и атрактивна македонска пејачка, Симона Попоска, со познатиот ди-џеј и продуцент, Ерик Фокс, кои на македонската јавност и се познати под името The Sound Messengers во иднина ќе бидат заштитни лица на македонскиот импортер за програмата на кинескиот производител Great Wall, компанијата Толту Моторс.

Haval H9

За извонредниот успех на Симона Попоска, која блесна во полн сјај на македонската музичка сцена, многу се прераскажува во последно време на естрадата и медиумите. Младата поп пејачка пријатно ја изненади публиката со својот настап на неодамна завршениот Скиопски фестивал 2015, каде го освои второто место, зад победниците Ај Кју, со што потврди дека се работи за навистина перспективна музичка ѕвезда. Истото се докажува и со наградата како најдобар дебитант која ја освои во 2014. година на Макфест. Многумина веќе по нејзините два извонредни хита „Како да заборавам“, а потоа и „Не е најдобро“, најавија блескава кариера за младата пејачка, потоа и извонредниот успех во Метрополис арена, каде во целост ги освои срцата на публиката во салата и јавноста која гласаше по пат на телеволтинг. Симона не крие дека за овој нејзин молскавичен успех стои Ерик Фокс, кој се погрижи за нејзин комплетен настап на македонската музичка сцена, со оглед на неговото присуство и искуство на истата. Покрај соло хитовите на Симона, двајцата заедно најдобро се прославија со „Love me“ и „Endless love“, a за нив велат дека се новиот бран на урбаниот звук, со совршен спој на електронска музика, саксофон и силен вокал.

Haval H6 sport

Симона се пробива на пазарот, па има мала симбиоза со нејзината нова улога како заштитно лице на Толту Моторс. Кинескиот гигант Great Wall, веќе неколку години се обидува на свој начин да ги освои европските купувачи, посебно од моментот на поставувањето на темелите на филијалата на брендот во Ловеч, во соседна Бугарија. Кинезите ги освојуваат со магична моќ европските клиенти, како и Симона своите фанови! Нема сомневање за успешниот настап на Great Wall, особено на овие простори своја голема заслуга за сето ова има и Толту Моторс, кој е генерален застапник за кинескиот бренд освен за пазарот во Македонија и во оние за Црна Гора, Косово и Албанија.

Haval H8

Согласно договорот Симона и Ерик во иднина на своите настапи ќе го промовираат Great Wall, кој ќе биде составен дел од The Sound Messengers.

Haval H9