Новогодишна треска во Толту Моторс

Доколку дојдете во продажните места на Толту Моторс, генералниот застапник за кинескиот бренд Great Wall, чии модели се произведуваат во погоните на Ловеч, во соседна Бугарија, во пресрет на новогодишните празници Ве очекуваат многу изненадувања!

Од Толту Моторс ги нудат сите остварувања на еден од брендовите кој освојува со волшебна моќ на сите меридијани на земјината топка. Great Wall е еден од најбрзорастечките брендови, чии продажни резултати се фасцинирачки, особено на SUV остварувањата. Токму на оваа тема е и најголемото изненадување од Толту Моторс, кој ви препорачува и малку „весела математика“. Поточно за своето остварување Hover H5 Ви нуди интересна „новогодишна пресметка“, односно попуст од цели 15 %

Доколку поитате во некој од продажните места на Толту Моторс или се јавите во импортерскиот центар ќе добиете прекрасен теренец со врвни перформанси и динамички карактеристики -за само 12.070 евра!!! Навистина извонредна понуда и единствена, бидејќи количината на возила е ограничена и оваа понуда важи само за новогодишните и божиќните празници.

Едноставно, не двоумете се, проверете зошто теренците на Great Wall се меѓу најбараните во светот!