Great Wall Македонија тим за подршка на велосипедскиот маратон Шарски Води 2017

Great Wall Македонија учествуваше со свои возила како тим за подршка на велосипедскиот маратон „ШАРСКИ ВОДИ 2017" одржан на 25.06.2017, организиран од ДПС Трансверзалец од Скопје. Манифестацијата имаше рекреативен и натпреварувачки карактер. Големиот маратон беше во должина од 98 км, а малиот маратон 75 км, со висинска разлика од 800 метри и со времетраење од 8 до 10 часа обезбедена со три контролни точки.