Great Wall Hover бележи рекордна продажба во првите 6 месеци од 2012 год.


фото галерија
SUV моделот кој се очекува да биде произведуван во фабриката на Литекс Моторс крај Ловеч - Hover H6, бележи рекордно зголемување на продажбата според податоците на Националната асоцијација на комерцијални возила во Кина - NPCA. Hover е лидер на пазарот со 110 000 продадени парчиња во првите 6 месеци од 2012 година, што е раст од 41% во однос на истиот период минатата година. Овој процент е завидно висок со оглед на постојаните флуктуации во продажба во автомобилскиот сектор.
 
Податоците за пазарот на автомобили за првите 6 месеци од годинава во Кина покажуваат драстично зголемување на продажбата на Great Wall Motor возилата. Само за неколку месеци, компанијата успеала да продаде вкупно 279 300 автомобилот, што го рангира меѓу топ 10 најпродавани брендови во автомобилскиот сектор во земјата на годишно ниво.
 
Високите резултати се должат најмногу на рекордно зголемување на продажбата на двата топ модели : Hover H6 и Great Wall Voleex C30 (двата модели се очекува да бидат произведувани во фабриката на Литекс Моторс, исто така да се најдат и на пазарот во Македонија). Благодарение на 58 000 продадени примероци само од Hover H6 и на 68 000 од Great Wall Voleex C30 за првата половина на 2012 година, компанијата бележи раст, кој е повисок од просекот на индустријата. Огромниот интерес и побарувачката на моделите продолжуваат да растат.
 
Great Wall Motor (GWM) е најголемиот приватен производител и извозник на автомобили во Кина.
Компанијата ги пласира своите автомобили Great Wall во над 120 земји низ целиот свет, вклучувајќи држави од Европската Унија. GWM се првата и се уште единствената независна кинеска автомобилска компанија, која има одобрување на своите производи за продажба во ЕУ.