ТОЛТУ со нов дилер на Great Wall во Црна Гора


фото галерија
Толту, импортер за возилата од програмата на Great Wall, го промовираше официјално на неодамна завршениот саем за автомобили во Будва, својот нов дилер за Црна Гора, фирмата Монтелада од Подгорица.
 
Согласно договорот на Толту и принципалот Литекс од Бугарија, производител на возилата на кинескиот Great Wall за Европа, македонската компанија ги има правата да биде застапник и за подрчјето на Албанија, Црна Гора и Косово. Ова е период кога од Толту интезивно преговаарат со компании од овие земји, а еден од нив од неодамна е реализиран, односно потпишан е договор со компанијата Мотелада, која во иднина ќе работи со програмата на Great Wall на црногорскиот пазар.
 
Преговорите течеа подолго време и на заедничко задоволство официјално за дилер фирмата Монтелада од Подгорица беше промовирана на саемската манифестација за автомобили во Будва. На штандот на Great Wall, кој беше уреден според стандардите на компанијата, беа истакнати неколку модели на кинескиот производител, кои на прв поглед ги освоија црногорските граѓани, но и компании. Во текот на саемските денови беа реализирани продажби на неколку возила, а има и најава за уште, кои ќе бидат дистрибуирани на црногорскиот дилер наскоро.
 
Во најскоро време ќе биде потпишан договор и со дилер во Албанија, што секако претставува успех за македонскиот импортер, кој за кратко време успеа да ги приближи возилата на најголемиот кинески извозник на возила во светот, компанијата Great Wall, чии дури шест модели се произведуваат во погоните во Ловеч, во соседна Бугарија. Засега македонскиот импортер располага со три, но во најскоро време на макдеонскиот пазар пристигнуваат уште три, еден мини кросовер, седан и SUV возило.