Отворен нов продажен салон во центарот на Скопје

Толту и официјално го пушти во употреба својот нов продажен салон во рамките на ТЦЦ Плаза во Скопје, во централното подрачје на Скопје.
 
Салонот располага со над 150 метри квадратни изложбен простор и внатре може да се сместат неколку возила. Потврда за заинтересираноста за овој бренд беше присутнуста на големиот број гости, официјални лица, како и пријатели на компанијата.
 
На отварањето беа претставени и плановите на Толту за проширување на гамата на Greatwall моделите што ќе бидат понудени на нашиот пазар во 2013 година.
Како прв од оваа листа на новитети на присутните им беше претставен компактниот кросовер Voleex C20 R. Се работи за мултифункционален градски автомобил со оф-роуд можности, со најсовремена технологија и висок степен на безбедност. Иако нема погон на четири тркала, повисокиот клиренс му овозможува на Voolex C20R без проблем да стигне до посакуваните излетишта. Автомобилот инкорпорира и редица спортски елементи карактеристични за СУВ класата, а под неговата хауба се крие VVT бензински мотор со зафатнина од 1,5 литри и моќност од 97 КС.