Great Wall Motors најдобра автомобилска компанија во Кина за 2012

  Great Wall доминира во SUV сегментот во Кина

Great Wall Motors најдобра автомобилска компанија во Кина за 2012

Рекордниот раст на продажбата и зголемување на профитот и овозможија на Great Wall да го добие признанието најдобра автомобилска компанијата за 2012 во Кина. Согласно на традицијата, во текот на ноември, познатото американско списание за финансии Global Finance ги објавува листите и им доделува награди на најдобрите компании во текот на годината. Истакната е и листата на најдобрите компании и во Кина за 2012 година, а Great Wall Motors ја доби престижната награда за најдобар производител на автомобили во Кина за 2012 година. Наградата на престижното списание му беше доделена на Great Wall Motors врз база на постигнатите завидни финансиски резултати, нивоа на продажба и раст на компанијата на домашниот и на светските пазари.
Претходно во септември Great Wall Motors влезе на три независни листи на најдобрите компании во Кина. Едната од нив е на списанието Forbes, каде се рангирани 50-те најдобри компании од Азија и пацифичкиот регион за 2012 година. Кинескиот автомобилски гигант го зазеде петтото место на листата меѓу вкупно 50 компании. Great Wall Motors (GWM) е најголемиот приватен производител на автомобили во Кина и извозник од азиската страна. Компанијата ги пласира своите автомобили во повеќе од 120 земји низ целиот свет, вклучувајќи. држави од Европската унија.
 

Great Wall доминира во SUV сегментот во Кина

Great Wall Motors (GWM) објави дека моделот H6 беше најпродаван SUV на кинескиот пазар во изминатиот месец. Вкупно во октомври во Кина биле пласирани 173.200 теренеци. Општо земено, во изминатиот месец во Кина биле продадени 1.617 милиони автомобили, што доведе и до првиот пад (-1.75%) во бизнисот од февруари наваму.
Реализирани единици на Haval H6 во октомври во Кина биле 15.068, пред Volkswagen Tiguan со 14.000, Hyundai ix35, со 11.551, Honda CR-V 10.424 и Audi Q5 8.681 единици. Продажбата на Топ 5 моделите во SUV сегментот формираат речиси 35% од вкупниот пазар за изминатиот месец.
Продажбата на компанијата Great Wall Motors во октомври изнесувала вкупно 55.600 единици, што е за 54.6% повеќе во споредба со минатата година. Од нив 29.600 биле теренци (+188%), 17.200 биле автомобили (+6.2%) и 9.798 пикапи. Продажбата на GWM во првите девет месеци од годинава, пак, достигнала 435.200 автомобили, што е за 27.8% повеќе во споредба со истиот период од 2011 година.