Факти за Great Wall Motors
 
  • № 1 технолошка марка на № 1 автомобилски пазар во светот -Кина (18 милиони автомобили за 2010 година)
  • № 1 по обем на извоз деветта година по ред во Кина и единствен кинески извозник на автомобили во Европа со одобрување на производи
  • № 1 приватен производител на автомобили во Кина и единствена приватна компанија во Кина со сопственај краш-тест лабораторија
  • Пикап Steed № 1 во продажба во Кина 13-та година по ред
  • SUV Hover № 1 во продажба 8-ма година по ред во Кина
  • Steed № 1 во Италија во продажба во својот сегмент
  • № 1 кинески автомобилски бренд на пазарите во Австралија, Јужна Африка, Русија и Чиле
  • SUV Hover № 1 во продажба во сегментот во Чиле 4-та година по ред
  • Steed № 1 во продажба во сегментот во Чиле 4-та година по ред
  • № 1 кинеска автомобилска компанија на релито Дакар. Пилотите со автомобилите Great Wall завршија на 22-ро место во крајниот пласман во 2011 година и на 7-мо место во крајниот пласман во 2012 година.




Производствена хала во фабриката на Great Wall Motors (GWM) во Тијанџин, Кина
 

За брендот Great Wall
 
Great Wall Motors е најголемиот приватен производител на автомобили во Кина, чии производи се продаваат во над 100 земји во целиот свет. Great Wall Motors е првата приватна автомобилска компанија чии акции се котират и со кои се тргува на берзата во Хонг Конг. Производителот располага со над 30 филијали и повеќе од 38 000 вработени во светски рамки. Во летото 2011 година во Тијанџин, Кина, компанијата отвори сосема нов модерен погон со максимален капацитет 1 000 000 автомобили годишно. Компанијата располага и со сопствено производство на мотори и трансмисии.
 
Во изминатите десет години, благодарение на корпоративната политика и менаџмент, компанијата успеа да постигне значителен раст и позитивни бизнис резултати, кои ја сместија на врвот меѓу водечките автомобилски марки во Кина. Со текот на времето, младата високо-технолошка компанија Great Wall Motors добива голем број награди од водечките локални и светски институции.
 
Производната стратегија на компанијата се раководи од три главни принципи: повисоко ниво на опрема, подобри перформанси и повеќе модерни технологии. До 2015 година GWM планира да достигне капацитет од 2 000 000 автомобили годишно, а до 2020 година да се претвори во компанија № 1 за продажба на економични SUV и пикап возила во светски рамки.
 
За следните неколку години, Great Wall Motors подготвува разновиден спектар на модели за пазарот на Европската Унија и пошироко, со што ќе понуди на пазарот најдобар сооднос цена-производ, според актуелните автомобилски трендови во светот.